Растенија

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСТРОВ  ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМ ГРАД

      Македонски        English                                                  

                                                                                                                                              
...единствен веб портал за островот...

www.Golemgrad.4t.com

Contact: mitkoresen@yahoo.com 

    ДОМА
ОПШТО
 

ЦРКВИ

 

ПТИЦИ

 

РАСТЕНИЈА

 

ЗМИИ

 

ГАЛЕРИЈА

 

ИСТРАЖУВАЊЕ

 

КОНТАКТ

 

 

 

 

 

 

РАСТЕНИЈА

     Оваа природна реткост со високи карпести рабови (до 30 м.) и специфична клима обилува со разновидни ендемични растенија. Најмногу е застапено шумското растение Фоја (Juniperus ekcelsa) што вирее и на самите карпи и претставува реткост. Заради бавното растење се претпоставува дека најголемите полусуви стебла се постари од илјада години. Таа е распространета во Кавказ, Иран, Либан, Крим, Мала Азија и на Балканскиот Полуостров (во Македонија, Бугарија и Грција). Во Македонија - Вардарска Македонија, на Голем Град, на планината Галичица и на Пречна Планина. Расте 10 - 12 метри височина со пречник на стелото од 30 - 50 см. На островот има стебла постари од три века. Во заедницата на дива Фоја спаѓаат повеќе видови, но овде најзастапена е Juniperus excelsa.

  

     Откриени се 160 видови папрати и семени растенија на 180 родови и 41 фамилија. 80 од нив се јужно - европски флорен елемент. Медитеранскиот и субмедитеранскиот флорен елемент со својата застапеност се најзначајни за Голем Град.

     Според биолошките форми зајзастапени се терофитите, односно едногодишните растенија. Ретко се сретнува црн габер, македонски даб и благун.

     Голем Град претставува редок резерват каде што се размножуваат во светот ретки видови габи. Најпогоден период за развој на габите е есента (втората половина на Октомври).

     Покрај неколкуте видови плодородни растенија на островот застапени се слива, црница, дрен, шип, лозница, смоква и други.