Птици

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСТРОВ  ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМ ГРАД

      Македонски        English                                                  

                                                                                                                                              
...единствен веб портал за островот...

www.Golemgrad.4t.com

Contact: mitkoresen@yahoo.com 

    ДОМА
ОПШТО
 

ЦРКВИ

 

ПТИЦИ

 

РАСТЕНИЈА

 

ЗМИИ

 

ГАЛЕРИЈА

 

ИСТРАЖУВАЊЕ

 

КОНТАКТ

 

 

 

 

 

 

ПТИЦИ

ПЕЛИКАН

     Пеликанот (носитот) може да биде третиот елемент на симболите, во името на богатата фауна во овој крај. Пеликанот како една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно во потоплите краишта, кај нас го има единствено на двете преспански езера (Големото и Малото), организира секоја година шестмесечен престој (15. Април - 15. Октомври) во јата од над сто птици. Другиот годишен период го минува во јужните предели на земјината топка. Пролетното долетување на овие бели птици со големи клунови не е многу забележливо, но за време на есенската преселба, тие се собираат во јата и по еднодневно кружење над Преспанската котлина, се упатуваат кон своите зимувалишта.

     Пеликанот не нурка под водата, а само плива на поршината. Со силниот инстикт ги открива јатата со рии и штом  ќе долета на целта, до него слетуваат јата корморани, кои гонејќи ги рибите со нуркање создаваат симиоза - заедничка исхрана. Навистина многу интересна појава.

ЛЕБЕД

     Во текот на деведесетите години на Преспанското Езеро долетуваа и лебеди. Во јата од 4-8 птици доаѓаа напролет или наесен и се задржуваа по два - три месеци. Во споредба со пеликаните, лебедите се припитомуваат, најмногу преку давање храна. Нивната грациозност ја надминуваше убавината на долгоклунестите несити.

  НА ГОЛЕМ ГРАД ИМА И ДРУГИ ВИДОВИ НА ПТИЦИ