Општо

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСТРОВ  ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМ ГРАД

        Македонски        English                                                    

                                                                                                                                              
...единствен веб портал за островот...

www.Golemgrad.4t.com

Contact: mitkoresen@yahoo.com 

    ДОМА
ОПШТО
 

ЦРКВИ

 

ПТИЦИ

 

РАСТЕНИЈА

 

ЗМИИ

 

ГАЛЕРИЈА

 

ИСТРАЖУВАЊЕ

 

КОНТАКТ

 

 

 

 

 

 

ОПШТО 

   Единствениот остров во Република Македонија островот ГОЛЕМ ГРАД се наоѓа на југозападниот дел од Преспанското езеро, оддалечен е 1 км од брегот, недалеку од државната тромеѓа со Албанија и Грција. Селцето Коњско, 5 км северозападно од островот, а најблиското место што постојано е населено е Стење, северозападно од островот. Островот има овална форма. Големо е 680 х 440 м (околу 20 ха). Претставува карпеста плоча со вертикални страни, озгора зарамнета, што се издига 15-50 м над езерската површина. Само на две места, на северозападниот и на југоисточниот крај постојат мали плажи и пукнатини во карпите кај кои може да се пристане со лотка и да се искачи горе на островот. Островот лежи отпат, скриен во езерото така што имало идеални можности да послужи како збег на луѓето од брегот, во повеќе наврати во минатото. Најстари остатоци. Освен што е природно непристапен, островот некогаш бил укрепуван. Камени ѕидови без малтер широки 1,5—2 м се гледаат денес околу двете спомнати пристаништа, бранејќи го пристапот кон внатрешноста на островот. Во јужниот дел се следи обѕидие околу еден внатрешен ринг, со обем од 2 ха. До него е укрепено главното пристаниште на југоисточниот брег и една кула недалеку северно од ова. Со повеќегодишните ископувања на низа пунктови на островот може да се следи историјатот на ова место. Во хеленистичко време веројатно било подигнато прво обѕидие, кое е обновено во доцната антика. Тогаш биле изградени и две ранохристијански цркви. Околу нив биле закопувани умрените.

     Одејќи кон Голем Град, единствениот остров во Репулика Македонија, уште од далеку се забележува дека тој е огромна карпа, која веројатно се откинала од соседните планини заради силен земјотрес, кога по тектонски пат настанало и самото Езеро.

     Како природна реткост, островот зафаќа површина од околу 2 км2 , и е заштитен со закон и спаѓа во рамките на Националниот парк ,,Галичица". Островот е познат како омилено излетничко место за посетителите на Преспа како и археолошки локалитет со остатоци од живеалишта, цркви и некрополи. Заради некогашната населеност го добил името Град, а Голем, заради разликата во однос на помалиот остров Мал Град, кој исто така бил населуван.

 

      Во споредба со крајбрежните делови на Езерото, на островот владее поблага клима заради што на него ретко се забележува снег. Затоа жителите на Коњско порано по неколку месеци чувале ситен и крупен добиток, бидејќи е безбедно од крволочни животни. Но заради долгата изолираност, добитокот често подивувал, па сопствениците го фаќале со тешкотии.

   Ваквиот амбиент привлекува и многу птици. Најбројни се кормораните кои се хранат со риби. На југоисточната страна на островот постои нивна ,,населба" со бројни седела на фојовите стебла. Гранките на фојата и тревата под неа се сушат од изметот на птиците, а карпите каде што слетуваат, прилегаат на варосани (побелени).

    Во карпите до водата се кријат многубројни водни змии - белоушки. Тие змии не се отровни, но како влекачи се непријатни за посетителите.

     Како атрактивно излетничко место за посетителите на Преспа островот најмасовно беше посетуван (100.000 посетители годишно) во седмата деценија на 20 век, со хидробус и две помали бродчиња. За таа цел беа користени две пристапни места, едно од северо - западниот дел (пред голема пештера), а дугото на југо - западниот дел на островот.