Истражување

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСТРОВ  ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМ ГРАД

                                                                                                                                              
...единствен веб портал за островот...

www.Golemgrad.4t.com

Contact: mitkoresen@yahoo.com 

    ДОМА
ОПШТО
 

ЦРКВИ

 

ПТИЦИ

 

РАСТЕНИЈА

 

ЗМИИ

 

ГАЛЕРИЈА

 

ИСТРАЖУВАЊЕ

 

КОНТАКТ

 

 

 

 

 

 

ИСТРАЖУВАЊЕ

     Островот Голем Град што се наоѓа на Преспанското Езеро, иако е истражуван уште од 1967 година, сепак за археолозите и за јавноста се уште претставува недоистражена мистерија. Минатогодишните истражувања на островот Голем Град на некој начин се продолжување на се она што е досега сработено. Неодамнешните доистражувања на некои пунктови останале недокомплетирани во археолошката докуметација, но и археолошко-научно се уште не се дефинирани.

Иако Голем Град и понатаму крие многу тајни, сепак професор Вера Битракова - Грозданова, еден од археолозите вклучени во истражувањата, говори за многу интересни сознанија сврзани за овој единствен македонски остров.

САКРАЛЕН ОСТРОВ

Истражувањата на Голем Град се започнати уште многу одамна, во 1967 година, а иницијативата за тие истражувања беше желбата на некои луѓе кои тогаш сметале дека Голем Град е многу близок со островот Аил на кој постоела истоимената црква на Цар Самоил, вели професор Битракова - Грозданова. Познато е дека престолнината на Цар Самоил, во една фаза од неговото владеење во Македонија, се наоѓала на островот Свети Аил којшто денес се наоѓа на територијата на Грција. Таму сега не можеме да истражуваме, па од тие причини сметавме дека можеби има некои наоди од времето на Цар Самоил на просторот на Голем Град којшто е единствен остров на територијата на Македонија во рамките на големото Преспанско Езеро. Тие истражувања беа почетна фаза во согледувањето на тој простор како еден стар локалитет, како стара населба. Дотогаш ништо не знаевме што се случувало на тој простор, бидејќи единствено што беше видливо беше густата шума. Се гледаше црквата "Свети Петар" - единствена целосно сочувана конструкција, а другите градби беа до темел разрушени и не можевме да знаеме дали станува збор за сакрални објекти, јавни или приватни градби.

Меѓутоа, токму тие сознанија биле причина повеќе групата од археолози да продолжи со одредени истражувања со цел да открие што всушност се случувало на Голем Град во старите времиња.

Првото место што го одбравме за истражување беше некрополата која се наоѓа источно од црквата "Свети Димитрија", а потоа и самата црква, додава професор Битракова - Грозданова. Иако истражувањата ги реализиравме со одредени прекини, сепак по секоја археолошка кампања доаѓавме до добар резултат. Од досегашните истражувања можеме да кажеме дека животот на Голем Град може да се следи од почетокот на III век пред новата ера до XIV век во новата ера. Иако Голем Град е населба, сепак, го нарекувам "живот". Населба е во почетокот, односно во III, II, I век пред римската епоха, а потоа и од I век на антиката до VI век функционира како населба, бидејќи има остатоци од куќи. Исто така, откриена е и некропола која е датирана од целиот римски период. За жал, некрополата од хеленистичката епоха се уште не е откриена и по неа трагаме. Потоа некрополата продолжува да постои и во средниот век што значи дека и понатаму служи за погребување, меѓутоа нема населби. Ова покажува дека по VI век престанал животот, односно населбата, но од IX век како да се обновува животот, не како населба, туку само како култен простор каде што се градат цркви и кој служел и за погребување на оние коишто сакале да бидат таму погребани.