Цркви

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСТРОВ  ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМ ГРАД

     Македонски          English                                                 

                                                                                                                                              
...единствен веб портал за островот...

www.Golemgrad.4t.com

Contact: mitkoresen@yahoo.com 

    ДОМА
ОПШТО
 

ЦРКВИ

 

ПТИЦИ

 

РАСТЕНИЈА

 

ЗМИИ

 

ГАЛЕРИЈА

 

ИСТРАЖУВАЊЕ

 

КОНТАКТ

 

 

 

 

 

 

ЦРКВИ 

     ГОЛЕМ ГРАД бил привлечен уште во римската епоха и подоцна во средновековието, што се потврди со два откриени слоја гробови како постојната црква Св. Петар (14 век) и кај темелите на црквата Св. Димитрија. Под раководство на Д-р Вера Битракова - Грозданова, која од 1967 година ги врши археолошките истражувања на островот, се откриени остатоци уште на две ранохристијански цркви (4-5 век) а се раскажува дека на островот некогаш имало седум цркви (Св. Петар, Св. Богородица, Св. Атанас, Св. Димитрија, Св. Георги и Св. Илија) што укажува на фактот дека бил густо населен. Во црквата Св. Петар (14 век) постои фасадна фреска (на јужната страна) со можне успешни композиции ,,Опсадата на Цариграт" и ,,Бегството во Египед" за кои академик Цветан Грозданов вели дека се реткост на Балканскиот Полуостров. До црквата се наоѓа единствениот конак (изграден во 19 век) што се ползувал за живеење на црковните служители, но и чувари на илегалните македонски револуционери од предилинденскиот и за време на востанието во 1903 година кога на островот биле засолнувани голем број преспански востаници.

  

     Други објекти каде што e вршено археолошко ископување, е на пример црквата "Свети Димитрија" во која иако е срушена, сепак пронајдовме фрескоживопис, додава професор Вера Битракова - Грозданова. Покрај фрагментите од фреските, пронајдовме и уште една многу интересна појава, еден објект којшто во доцната антика со сигурност служел како цистерна и се наоѓа на јужниот дел на островот. Дека станува збор за цистерна потврда се и откриените канали за проток на водата. Меѓутоа, таа правоаголна градба со сите елементи кои ја следат во средниот век веќе немала никаква употреба затоа што населбата веќе не постоела, но кога доаѓаат монасите ја забележуваат оваа градба која била доста добро сочувана, ја преградуваат, ја преуредуваат, и даваат олтарен простор и ја живописале. Кога не би ги нашле овие фрески, не би знаеле дека станува збор за црква. Интересно е да се каже дека ранохристијанската епоха, што значи христијанизацијата на таа античка населба, започнува некаде кон IV век кога имаме градење на ранохристијански базилики. Една од нив дури има и мозаик. Јасно дека ние пронајдовме и многу монети од III век пред новата ера, од населби кои тргувале со овој остров, потоа монети од градовите на грчки колонии од јадранскиот брег, од римската епоха, од рановизантиската, односно од времето на Јустинијан. Исто така, пронајдена е и сребрена монета во еден од гробовите од времето на Волкашин, а потоа и во цистерната - црква изградена од монасите пронајдена е монета од унгарски владетел. Интересно е што монетата на Волкашин беше пресечена напола што значи дека служела како предмет што симболизирал пренесување на душата на оној свет.

     Покрај сето ова, професор Вера Битракова - Грозданова истакна дека во некрополите е пронајден златен, сребрен и бронзен накит, но што е најчудно и најзабележително, во нив не е пронајдено оружје.

    Сите оние карактеристики што се однесуваат на накитот кои се пронајдени на локалитетите во Македонија се пронајдени и тука. Ова не е некоја атрактивна населба, таа е селска, скромна населба, но археологијата го следи животот на човекот и неговото творење на целиот простор каде што живееме. Оттука се гледа колку во една мала селска населба има одраз животот во целина, што значи ние наоѓаме монети и накит од злато, сребро, стаклена паста што се наоѓаат и во богатите градови и наоѓалишта.

     Оттука може да се дојде до сознанието дека се она што е крупно, луксузно, што се случува во големите центри може да се најде и во Голем Град.